(ВИДЕО) Човечки ланец спаси момче

Од:

Човечки ланец, од 12 луѓе, спаси момче кое се давеше во Нов Зеланд. Во неделата Џошуа МекКоид и двајца другари си играле на плажата во Напиер, кога бран го повлекол Џошуа кон морето. Според австралијанците, луѓето на плажата се избезумиле, а германски турист се обидел неуспешно да го повлече надвор од водите.

Малку подоцна, неколку други луѓе се поврзаа држејќи се за рака и формираа голем човечки ланец. Полицајците на почетокот од ланецот го извлекле момчето и го исфрлиле на брегот, од каде брза помош го однела во локалната болница.

„Кога бев таму помислував дека ќе умрам. Брановите ме маваа многу, имаше пет нависитна големи кои ме превртуваа неколку пати. Јас бев под вода“ вели Џошуа за локалните „Оне Њуз“.

Реакцијата на луѓето го остави таткото на момчето зачуден и благодарен.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски