ВИДЕО: Членови на АНТИФА физички нападнаа човек кој сакаше да ги спречи во вандализирањето на споменик во САД

Од:

Припадници на глобалното движење АНТИФА насилно нападнаа човек кој се спротивстави на намерите на групата да вандализира споменик во сојузната држава Ново Мексико во САД.

Човекот со сина маица сакаше групата да престане со уништувањето на споменикот, меѓу тоа тој беше нападнат од повеќе припадници на движењето кое зема учество во антирасистичките протести по смртта на Џорџ Флојд.

На видеото јасно се гледа како припадниците на АНТИФА трчаат кон човекот и го напаѓаат брутално нанесувајќи му повреди по телото.

Според првичните информации, човекот го носел со себе неговиот пиштол за кој имал уредна дозвола и го употребил во моментот кога дел од толпата тргнала кон него.

На крај на видеото може да се слушне како тој испукал неколку куршуми со цел напаѓачите да се откажат од својата намера.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД