ВИДЕО: Четворица го преживеаја падот на рускиот авион во Авганистан, се трга по двајца

Од:

Четири лица го преживеаја падот на авион со руска регистрација во Авганистан, а се расчистува судбината на уште две лица, соопшти руската агенција за следење на авијацијата Росавијација, повикувајќи се на руски дипломати.

Чартер авион со шест лица исчезна вчера од радарите над Авганистан, соопштија претходно руските воздухопловни власти.

Авганистанската полиција соопшти дека добила пријави за несреќата.

Прелиминарниот заклучок на руските оперативни служби е дека дошло до технички проблем во двата мотори на авионот „Фалкон 10Б“.

Авионот вршел медицинска евакуација од Тајланд до Москва.

Руските истражители соопштија дека покренале кривична истрага за да утврдат дали имало прекршување на безбедносните правила.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Спречен терористички напад во административни згради во Москва

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали Боинг во Денвер, патниците бегаа преку крилото

Катерина Ѓуровски

Руската полиција спречи голем терористички напад во Москва

Москва: Пресудата против Додик ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион