(ВИДЕО) Чарли Винстон со видео под наслов „Кажи нешто“ ги поддржа мигрантите

Од:

Пејачот Шарли Винстон денеска објави видео во знак на поддршка на мигрантите, после неговите посети на прифатните центи во Берлин, Македонија и Кале, под наслов „Say Something“, (Кажи нешто), јави дописникот на МИА од Париз.

Приходите од оваа песна, која може да се преземе од платформите за музика, ќе бидат префрлени на сметка на Меѓународната организација на Црвениот крст, објаснува на својата страница на Фајсбук овај жител на Лондон, чија кариера почна во Франција во 2009 со песните „Like A Hobo“ и „In Your Hands“, албум што се продаде во 500.000 примероци.

Со помош на повеќе организации пејачот со искривен шешир на главата, посочува дека посетил и свирел на гитара во повеќе прифатни центри за бегалци во Берлин, на границата меѓу Македонија и Грција, каде „секојдневно поминуваат 8.000 бегалци“, како и во логорот на ла Ланд, наречен „џунгла“, во Кале, во Франција, каде во тешки сулови живеат околу 6.000 мигранти.

Видео клипот алтернативно се менуваат снимки од последните месеци и денови од бегалските центри и од една манифестација во Лондон. Исто така, во него има и познати личност како Питер Габриел, Адриана Карамбо или Матјо Шедид.

-Иако ова видео се однесува на бегалците и на миграциската криза, песната „Кажи нешто“ зборува за идејата да се има храброст да се крене гласот и да се делува за прашања кои се однесувааат на сите нас, објаснува 37-годишниот Чарли Винстон.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто