(ВИДЕО) Цел на воздушниот напад на ИДФ врз Бејрут бил шефот на ракетниот оддел на Хезболах

Од:

Израелските медиуми, повикувајќи се на воени извори, објавија дека цел на воздушниот напад што денеска беше извршен врз либанската престолнина Бејрут бил шефот на ракетниот оддел на Хезболах. Тајмс оф Израел пишува дека неговата судбина сè уште не е позната. Нападот е извршен врз населбата Дахије, упориште на Хезболах во Бејрут.


Емануел Фабинјан, воен дописник на израелски весник, на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави фотографии од местото на нападот и видео од дејствијата на авионите.


Ова беше петти израелски воздушен напад врз Бејрут од почетокот на конфликтот со Хезболах кој започна по војната на израелските одбранбени сили (ИДФ) со Хамас во Појасот Газа.

ИДФ најави дека наскоро ќе ги објави деталите за овој „цеден удар“.

Би можело да ве интересира

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Хезболах: Израел мора целосно да се повлече од Либан до 18 февруари

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан