ВИДЕО: Британија воведе санкции за пет банки и за три личности од Русија

Од:

Велика Британија денеска експресно воведе санкции за пет руски банки и три лица, соопшти премиерот Борис Џонсон.

Тој во говорот пред пратениците во Долниот дом на парламентот додаде дека ова е само првиот пакет санкции и оти тие ќе бидат проширени доколку ситуацијата ескалира.

Станува збор за банките „Росија“, „ИС Банка“, „Генерал банка“, „Промсвјазбанк“ и „Црноморска банка“, како и санкции против Генадиј Тимченко, Борис Ротенберг и Игор Ротенберг, што важат за многу богати Руси, блиски до претседателот Путин.

-Целиот имот што го поседуваат во Обединетото Кралство ќе биде замрзнат, а на засегнатите лица ќе им биде забрането да патуваат овде и ќе им забраниме на сите британски поединци и ентитети да имаат каква било работа со нив, рече Џонсон.

„Ова е првата транша од она што сме подготвени да го направиме“, рече тој.

Кризата во Украина од синоќа го достигн пикот, откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Указот за признавање на независноста на самопрогласените републики Донецк и Луганск, а потоа војската ја испрати во овие територии „за да се обезбеди мир“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната