Еден од кандидатите за градоначалник на Сао Паоло, Бразил нападна противкандидат со столче.
Хозе Луиз Датена и Пабло Марсало се расправаа, а потоа Датена замавна со стол кон својот противник. Сè беше пренесувано во живо од ТВ. Подоцна, Датена изјави дека го нападнал Маршал затоа што изнел стари наводи за сексуално вознемирување против него, кои биле отфрлени пред неколку години.
🇧🇷Durante un debate a la alcaldía de Sao Paulo televisado en TV Cultura el día de ayer en la noche, José Luiz Datena, candidato por el PSDB , agredió físicamente con una silla a Pablo Marçal, candidato por el PRTB pic.twitter.com/hhdj6paIgF
— El geoexpositor (@Elgeoexpositor) September 16, 2024
„Дојде со случај кој беше архивиран, кој полицијата не го ни истражуваше бидејќи немаше докази. Нешто од пред 11 години што предизвика многу сериозна ситуација во моето семејство“, вели Датена. Иако беше исфрлен од дебатата, тој во вчерашната изјава инсистираше дека не се кае за своите постапки, пишува CNN.
Маршал беше примен во болницата Сирио Либанес. Неговиот тим соопшти дека тој бил примен во болница со можна фрактура во пределот на градниот кош и дека има потешкотии со дишењето. Од болницата велат дека се здобил со повреди на градниот кош и зглобот, но дека нема поголеми компликации.
Марсал го спореди нападот на стол со обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп во јули и прободувањето со нож на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро за време на изборите во 2018 година. Тој објави фотографии од нападот на Инстаграм со текст: „Зошто сета оваа омраза?
Останатите кандидати Гилхерме Булос, Марина Хелена, Рикардо Нунес и Табата Амарал ја продолжија дебатата по нападот. Телевиијата соопшти дека жали за инцидентот и ја продолжи дебатата во согласност со правилата откако другите кандидати се согласија.
Тимот на Маршал вети дека ќе преземе правни мерки.
„Пабло Марсало беше кукавички нападнат од Хозе Луиз Датен, кој го удри во ребрата со железна столица“, соопштија од тимот на Марсало, додавајќи дека е штета што дебатата продолжи без него.