(ВИДЕО) „Борис“ во Европа одзеде најмалку седум животи, илјадници семејства немаат каде да преспијат

Од:

Бурата Борис ја опустоши Источна и Централна Европа. Според последните податоци, најмалку седум лица загинаа по најсилните дождови во последните години што ја погодија Европа.

Едно лице загина  во областа Клоѓко во југозападна Полска, објави Ројтерс, а еден пожарникар загина во акција во Австрија, потврди за Си-Ен-Ен портпаролот на противпожарната служба во регионот Долна Австрија.

Во Романија загинаа пет лица, а стотици останаа заробени во поплавените подрачја. Околу 15.000 луѓе од 5.000 домаќинства немаат каде да преспијат бидејќи нивните домови се поплавени.

Спасувачките служби реагираат во тешко погодените области, а властите предупредуваат дека ова е најсилниот дожд во последните 100 години за 24 часа.

Реките се излеаја од коритата во Полска и Чешка. Во југозападна Полска, 1.600 луѓе се евакуирани во областа Клоѓко, бидејќи локалните реки достигнале рекордно високи нивоа на вода која се излеаа од коритата. Клоѓко, град со 25.000 жители, денеска остана делумно потопен во вода.

Премиерот Доналд Туск изјави за новинарите во неделата дека ситуацијата е „многу драматична“ и „најдраматична во областа Клоѓко“.

Во Австрија обилните врнежи предизвикаа подигнување на нивото на реките, а спасувачките служби интервенирале во делови од земјата. Многу општини во Долна Австрија прогласиле вонредна состојба бидејќи обилните дождови продолжија и денеска.

Исто така, највисокото ниво на предупредување, црвена тревога, е издадено за делови од Полска, Германија, Чешка, Австрија и Словачка. Ова ниво на предупредување е поврзано со „интензивни метеоролошки феномени“ и „можни големи штети“.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите