[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Папата Бенедикт XVI, во своето денешно обраќање на последниот „работен“ ден, ја вети неговата „безусловна“ послушност кон новиот папа и ја повика Римокатоличката црква да се обедини при изборот на неговиот наследник.
„И понатаму ќе ви бидам близу молитвите, особено во следните неколку дена кога ќе бирате нов папа, на кого му ја ветувам мојата безусловна почит и покорност“, рече Бенедикт Шеснаесетти.
Тој им се обрати на кардиналите потсетувајќи на изминатите заеднички години.
„Во изминатите осум години доживеавме убави и светли моменти во Црквата, како и во моменти кога облаците го затемнуваа небото. Се обидовме да му служиме на Христос и Неговата Црква“, вели Папата.
Неговото папство беше негативно и засенето од скандалите за сексуална злоупотреба што протекоа од негови приватни документи и извештаи за судирите меѓу неговите најблиски советници.
Се верува дека овие кризи придонесоа за неговата одлука тој да биде првиот папа кој после шест века дал отказ од својата позиција.