(ВИДЕО) Бејрут ден по катастрофата: се бараат преживеани под урнатините, светот нуди помош

Од:

Ден по стравотната експлозија во Бејрут, жителите на главниот град, но и на цел Либан сè уште се во шок, а спасителите се во грчевита борба да извлечат луѓе за кои се надеваат дека се преживеани под урнатините.

Според Црвениот крст, екипи на спасители се во потрага по околу 100 луѓе кои се исчезнати по експлозијата. Од пристаништето и околните разурнати улици, прекриени со остатоци од разурнати згради и превртени автомобили, и утрово се издига чад. Во текот на ноќта, либанската армија со хеликоптер се обидувала да ги изгасне пожарите во околината на експлозијата.

Болниците се преплавени со пациенти, а лекарите се принудени да им помагаат само на повредените во тешка состојба. Илјадници луѓе чии домови се разурнати во експлозијата се без покрив над глава.

„Сведочиме на огромна катастрофа. Има жртви и повредени насекаде“ изјави денеска претседателот на Црвениот крст на Либан, Жорж Кетане, кој додаде дека според последниот биланс, во вчерашната страотна експлозија на склад со околу 2.750 тони експлозив во бејрутското пристаниште, загинале над 100 луѓе, а околу 4.000 се повредени.

epa08584614 A general view of the destroyed port a day after a massive explosion rocked Beirut, Lebanon, 05 August 2020. According to media reports, at least 100 people were killed and more than 4,000 were injured after an explosion devastated the port area as well as other parts of the city on 04 August. EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Претседателот Мишел Аун за денеска закажа итна седница на Владата на која ќе биде прогласена вонредна состојба во земјата. Прогласена е тридневна жалост во цел Либан.

Според Црвениот крст, екипи на спасители се во потрага по околу 100 луѓе кои се исчезнати по експлозијата. Од пристаништето и околните разурнати улици, прекриени со остатоци од разурнати згради и превртени автомобили, и утрово се издига чад. Во текот на ноќта, либанската армија со хеликоптер се обидувала да ги изгасне пожарите во околината на експлозијата.

Во меѓувреме, првите понуди кон Либан за помош во справувањето со последиците од експлозијата стигнаа од повеќе соседни и земји од регионот. Катар, Египет, Кипар, Грција и Дубаи понудија помош во медицинска опрема и персонал. Помош понудија и Соединетите Американски Држави, Европската унија и Австралија, како и повеќе други земји.

Би можело да ве интересира

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Осум лица загинаа во израелскиот напад на југот на Бејрут

Остин: САД не виделе докази дека има бункер под болницата во јужен Бејрут

ИДФ: Во Бејрут погодени се локации за производство и складирање оружје на Хезболах

Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Горан Наумовски