Американскиот претседател Џо Бајден накратко и се обрати на јавноста со најновите информации за обидот за атентат врз Доналд Трамп.
По неколкуминутниот говор тој ја напушти просторијата без да одговори на новинарските прашања.
„Синоќа разговарав со Доналд Трамп. Имавме краток и добар разговор“, рече Бајден на почетокот.
„Навистина сум благодарен што Трамп е добро и се опоравува“, додаде тој.
„Во Америка нема место за вакво насилство, ниту за какво било насилство“, рече Џо Бајден.
„Обидот за атентат е против сето она за кое се залагаме како народ. Тоа не е Америка и не можеме да дозволиме да се случуваат вакви работи. Единството е најтешката цел од сите, но ништо не е поважно од тоа“, додаде тој.
„Сè уште немаме информации за мотивот на атентаторот. Знаеме кој е тој. Ги повикувам сите, сите, ве молам немојте да правите претпоставки за неговите мотиви“, рече Џо Бајден.
„Нека ФБИ ја работи својата работа и нека нивните партнерски агенции да ја завршат својата работа. Наредив оваа истрага да биде темелна и брза, а истражителите ќе ги имаат сите ресурси што им се потребни за да го направат тоа“, додаде тој.
„Трамп, како поранешен претседател и кандидат на Републиканската партија, веќе доби зголемено ниво на безбедност, а јас бев доследен на моите инструкции до Тајната служба да му ги дадам сите ресурси и заштитни мерки неопходни за да се обезбеди неговата континуирана безбедност“ изјави Џо Бајден..
„Второ, му наредив на шефот на Тајната служба да ги разгледа сите безбедносни аранжмани за Републиканската национална конвенција, која е закажана за утре.
И трето, наредив независна национална безбедносна истрага за вчерашниот митинг за да се процени што точно се случи, а резултатите од тој независен преглед ќе ги споделиме со американскиот народ“, рече Бајден.
Мора да се обединиме како нација“, заклучи Бајден и си замина.