(ВИДЕО) Бајден: Кога ќе заврши гласањето, ќе бидеме прогласени за победници

Од:

Демократскиот претседателски кандидат на изборите во САД, Џо Бајден, во вечерашниот говор од неговиот штаб во Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, на Американците повторно им порача дека „секој глас мора да се изброи“ и дека од нив само бара трпеливост.

На прес-конференцијата Бајден беше придружуван од сенаторката Камала Харис, која ќе биде потпретседателка на САД доколку тој на крајот го победи актуелниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп.

-Сенаторката и јас од час во час се чувствуваме многу добро, а моменталната состојба е многу добра. Немаме дилема дека во моментот кога ќе се избројат гласовите до крај, јас и сенаторката ќе бидеме прогласени за победници. Затоа луѓе, ве молам – останете смирени. Броењето мора да заврши и верувам дека наскоро ќе ги знаеме резултатите. Ви благодарам за вашата трпеливост, рече Бајден.

Тој на прес-конференција се појави по завршувањето на состанокот со здравствените претставници, а темата беше коронавирусот.

-Нашите срца се со секое семејство што изгуби член на семејство поради оваа ужасна болест, додаде Бајден.

Би можело да ве интересира

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Американските муслимани започнаа кампања против Бајден

Горан Наумовски

ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата

Предраг Петровиќ

Бајден на пат го чуваа седум жени од Тајната служба

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Бајден заплака во Ирска