Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Од:

Откако Кремљ се огласи за изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека „Владимир Путин е луд кучкин син“, реагираше и самиот руски претседател.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека изјавата на Бајден покажала зошто Кремљ верува дека за Русија Бајден би бил подобар американски претседател од Доналд Трамп, пишува Ројтерс. Но, тој коментираше и дека изјавата на Бајден е безобразна.

„Подготвени сме да работиме со кој било претседател. Но, јас верувам дека за нас Бајден е попосакуван претседател за Русија, и судејќи според она што тој штотуку го кажа, јас сум апсолутно во право.

Бајден не може да ми каже: „Волоѓа (прекар за Владимир), ти благодарам, браво, многу ми помогна. Ме прашавте што е подобро за нас. Тоа го кажав тогаш и сè уште го мислам – Бајден“, рече саркастично Путин на државната телевизија.

Кремљ претходно соопшти дека Бајден ги понижил САД нарекувајќи го Путин „луд кучкин син“ за време на вчерашната кампања за собирање средства во Сан Франциско. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека следниот пат кога Бајден ќе ја употреби фразата „луд кучкин син“, треба да запомни дека Американците ја поврзуваат фразата со неговиот син Хантер Бајден.

Би можело да ве интересира

Американските муслимани започнаа кампања против Бајден

Горан Наумовски

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата

Предраг Петровиќ

Бајден на пат го чуваа седум жени од Тајната служба

Бајден заплака во Ирска

Јас сум милион отсто Русин: Стивен Сигал со порака до Путин

Предраг Петровиќ