ВИДЕО: Азов објави снимка со наводни детали за нападот со хемиско оружје

Од:

Полкот Азов, кој се бори против руските сили во опколениот Мариупол, денеска на Телеграм објави видео со детали од синоќешниот наводен хемиски напад.

Во видеото се наведени симптомите за кои војниците тврдат дека страдаат од руската употреба на хемиско оружје. Меѓу симптомите, тврди Азов, се хиперемија (зголемено количество крв во вените), висок крвен притисок, воспаление на фаринксот и мукозните мембрани на очите, слабост и треска. Некои Азовци споменуваат и тахикардија и промени во низок и висок крвен притисок.В

Некои од борците на видеото споменуваат присуство на бел чад при нападот и наведуваат дека веднаш ги почувствувале последиците, поради што некои од нив веднаш колабирале. Еден сведок рече дека ја слушнале експлозијата и тргнале да истражат.

Командантот на Азов Денис Прокопенко вели дека Русите нападнале со отровна материја чие потекло не можат да го утврдат бидејќи се под блокада.

„Вчера окупаторите употребија отровна материја од непознато потекло против војската и цивилите во Мариупол. Епицентарот на нападот не бил блиску до луѓе, па контактот бил минимален, што потенцијално им ги спасило животите, но има последици.Во моментов е невозможно да се анализира и да се види која супстанца ги отрула луѓето бидејќи сме во целосна блокада, а епицентарот на нападот е под руски оган бидејќи сакаат да прикријат докази за нивните злосторства“, рече Прокопенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски