(ВИДЕО) АЗЕРБЕЈЏАН: Пратеничка барала еден милион евра мито

Од:

Гулар Ахмедова, пратеничка во Парламентот на Азербејџан, на видео снимка бара еден милион евра од Елшад Абдулаев, поранешен ректор на еден азербејџански универзитет и за возврат му ветува место во Парламентот.

Видеото кое е снимено со скриена камера, ги покажува Ахмедова и Абдулаев како разговараат за цената и условите за негов влез во Парламентот.

Ахмедова се правда дека снимката е монтирана со цел да се дискредитира.

Азербејџанските власти оцениле дека видеото укажува на потребата од воведување на антикорупциски мерки.

Обвинителството го испитува случајот.

Би можело да ве интересира

Фетаи: Извештајот на Транспаренси интернешнл е резултат на криминалното владеење на СДСМ и ДУИ

Индекс на перцепција на корупцијата: Македонија на 88 место заедно со Казахстан, Суринам и Виетнам

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски

ВЛЕН: За еден месец се сруши кулата изградена со криминал и корупција

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

ДУИ бара еднаков и транспарентен процес во борбата против корупцијата