Приватно возило утрово удри во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт, соопшти полицијата.
Во извештајот на Државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот загинал на самото место.
In Bucharest, an unknown person sent a car to the fence of the Russian Embassy#Bucha #Ukraine pic.twitter.com/Y3dqu2UhNM
— Ukraine Update ?? (@Ukrain_War) April 6, 2022
На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот.
На видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека автомобилот е зафатен од пламен додека припадници на обезбедувањето трчаат нив областа.
Според полицијата, пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот успеале да го изгаснат пожарот.
Засега нема информации за евентуалниот мотив или други детали.
Романија, која има долга копнена граница со Украина, прими повеќе од 600.000 бегалци откако Русија ја нападна таа земја.