ВИДЕО: Авион се урна во град во Калифорнија, нема преживеани

Од:

Мал патнички авион, најверојатно „Лирџет 35“, се урна во градот Ел Кахон во областа Сан Диего во Калифорнија. Американските медиуми информираат дека нема преживеани патници, а нема жртви на местото каде што паднал авионот.

Засега не е познат бројот на жртвите во оваа несреќа, а авионот при падот ги уништил електричните кабли, оставајќи стотици жители на овој град без струја.

Авионот се урнал во близина на раскрсницата Пепер Драјв околу 19 часот по локално време и се запалил, јавуваат американските медиуми.

Канцеларијата на шерифот во Сан Диего соопшти дека авионот летал кон аеродромот Гилеспи Филд и дека истрагата е во тек, додека други детали за несреќата не се познати.

Луѓето се предупредени да го избегнуваат местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви