ВИДЕО: Авганистанци војуваат во Сирија за 500 долари

Од:

Видео записот кој „CNN“ го добил од сириските бунтовници, разоткрива едно ново лице од војната против џихадистите, бидејќи може да се види како војници од урнатините, спасуваат непријателски војник.

Станува збор за наводен Сајед Ахмед Хусеини од Авганистан, кој вели дека Иранците им плаќат на оние како него, да дојдат и да се борат во Сирија и дека за еден месец добил 500 долари.

Постојат многу приказни за кампови за обука на борци во Иран. Некои од оние кои тврдат дека Иран ги плаќа за борба во Сирија на страната на режимот на Асад, велат дека имаат желба да војуваат против Американците и дека оние кои војуваат против Асад се американски слуги.

Инаку во сириската војна има повеќе завојувани страни, а меѓу нив се војници на сирискиот режим кои имаат поддршка од борците на Хезболах и ирачките шиитски борци. На другата страна се радикалите од ИСИС, додека помеѓу сириските бунтовници има припадници на Ал Каеда, како и умерени Сиријци кои добиваат поддршка од надвор.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија