ВИДЕО: „Анонимуси“ им се заканија на џихадистите

Од:

Хакерската група „Анонимуси“ им објави војна на џихадистите во знак на одмазда за масакрот во редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ во Париз.

Белгискиот огранок на „Анонимуси“ најави дека ќе ги исклучи порталите на џихадистите, а на видео запис кој што е објавен на социјалните мрежи маскиран припадник на „Анонимуси“ им порачува на ИСИС, Ал Каеда и на останатите терористи дека ќе се одмаздат за смртта на жртвите од нападите.

– Објавуваме војна против вас. Ќе ве следиме се до последен и ќе ве убиеме. Нема да дозволиме да го наметнете својот шериетски закон во нашите демократии и нема да дозволиме да ги убиете слободата и нашата слобода на изразување. Ние ве предуредивме, очекувајте го уништувањето-вели во пораката, еден припадник на „Анонимуси“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Анонимус ја хакираа централната руска банка

Катерина Ѓуровски

Анонимус: Од руската служба за безбедност протекоа информации за атентат на Зеленски

Ана Ололовска

„Анонимус“ хакирале повеќе од 300 руски и белоруски интернет-страници

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Анонимус“ му објавија војна на Илон Маск: Уништуваш милиони животи, очекувај нѐ

Катерина Ѓуровски

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Анонимус“ сакаат да ги разоткријат сите злосторствата на полицијата

А1он