ВИДЕО: Американски Ф-15 соборен, повторно

Од:

Иранската воздушна одбрана собори уште еден американски ловец Ф-15, соопшти денес извор за иранската новинска агенција Тасним.

Штабот на Централната команда на иранските вооружени сили, Хатам ал-Анбије, пред два дена објави дека иранските системи за воздушна одбрана собориле три американски ловци, како и дека еден американски ловец Ф-15 бил соборен над границата меѓу Иран и Кувајт.

Американските медиуми претходно објавија дека кувајтските вооружени сили, кои одговориле на непознати авиони во воздушниот простор на земјата во неделата, погрешно собориле три американски авиони во „пријателски оган“.

Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари, откако преговорите за нуклеарната програма на Иран не доведоа до договор, на што Иран возврати со воздушни напади со балистички ракети и беспилотни летала врз Израел и врз цели во околните земји, за кои изјави дека се легитимни цели поради американското присуство.

Би можело да ве интересира

Руски државјанин e обвинет за шпионирање на вработени во американска воена компанија

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Трамп: САД и Кина сакаат Ормутскиот теснец да остане отворен

Во септември, Русија поседуваше американски државни обврзници во вредност од 25 милиони долари

Горан Наумовски

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Зеленски бара од САД пристап до „Старшилд“: Технологијата може да го промени текот на војната