(ВИДЕО) Американците не употребиле специјални бомби во Исфахан

Од:

Американската војска не употреби специјализирани пенетрациски бомби во еден од најголемите нуклеарни објекти на Иран во Исфахан минатиот викенд, бидејќи објектот е толку длабок што бомбите веројатно нема да бидат ефикасни.

Изјавата на претседателот на Здружениот штаб на американските вооружени сили, генерал Ден Кејн, е првото познато објаснување зошто американската војска не употреби специјализирана пенетрациска бомба во објектот во Исфахан, во централен Иран, објави CNN.

Американските претставници веруваат дека подземните објекти во Исфахан содржат речиси 60 проценти од залихите на збогатен ураниум на Иран, што на земјата би ѝ биле потребни за евентуално производство на нуклеарно оружје.

Американските бомбардери Б2 фрлија повеќе од 10 специјализирани пенетрациски бомби врз нуклеарните објекти на Иран во Фордоу и Натанц, но Исфахан беше цел исклучиво на крстосувачки ракети Томахавк лансирани од американска подморница.

Врз основа на раната проценка направена еден ден по американските напади од страна на Агенцијата за одбранбено разузнавање (ДИА), нападот не ги уништи клучните компоненти на нуклеарната програма на Иран, вклучително и збогатениот ураниум, а нуклеарната програма веројатно беше забавена само за неколку месеци, објави CNN.

Како што објави американската телевизија, Иран можеби преместил дел од збогатениот ураниум од тие локации пред да бидат нападнати.

Би можело да ве интересира

Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Захарова: САД ја покажуваат својата агресија поради долговите низ целиот свет

Израелските одбранбени сили ќе воспостават нова безбедносна зона во Јужен Либан