ВИДЕО: Акција за спречување еколошка катастрофа по судар на два брода кај Гибралтар

Од:

Морнарицата на Гибралтар покрена голема операција за спречување на излевање гориво во морето откако товарен брод се судри со друг брод што превезувал течен гас, соопштија денеска властите на британската прекуморска територија.

Од бродот „OS-35″ што се наоѓа во близина на брегот на Гибралтар во најјужниот дел на Пиринејскиот полуостров почнало да истекува гориво, откако во понеделникот вечерта се судри со друг брод што превезувал течен природен гас. Екипажот составен од 24 члена е евакуиран. Според гибралтарските власти, трупот на товарниот брод напукнал, но се уште пловилото е во еден дел.

Капетанијата на пристаништа на Гибралтар соопшти дека нафтата што се излеала од бродот се собира во пловечката ограда поставена да спречи еколошка катастрофа.

Инаку, самиот брод не служи за транспорт на горива, туку горивото на пловилото е исклучиво за придвижување на бродските мотори.

Судирот со бродот што превезувал течен гас се случил кога „ОС-35“ се обидел со манвеар да го напушти Гибралтарскиот залив. Непосредно по инцидентот привремено бил прекинат целиот морски сообраќај во пристаништето.

Владата во Гибралтар соопшти дека подготвува операција за да се источи горивото од загрозениот брод што е можно поскоро, но на најсоодветен и најмалку ризичен начин.

Би можело да ве интересира

Албарес: Шпанија е блиску до договор со Велика Британија за Гибралтар

Ана Ололовска

Голем танкер со нафта кај Гибралтар е во опасност да потоне

А1он

По 180 години Гибралтар официјално доби статус на град

Ана Ололовска

ЕУ подготвена да започне преговори со Британија за Гибралтар

Ана Ололовска

Гибралтар го вакцинираше целото возрасно население

Катерина Ѓуровски

Шпанија и Британија постигнаа начелен договор за Гибралтар

Жарко Настоски