Најмалку 41 лице загина во пожар што изби во болница за постари лица во Јужна Кореја.
Според последните информации, повредени се повеќе од 80 луѓе, од кои 13 во критична состоба, што укажува на тоа дека бројот на смртни случаи би можел дополнително да порасне.
Пожарот избувнал во 07.30 часот по локално време, на првиот кат од шесткатна зграда, при што најголем број лица загинале на првиот и вториот кат. Во зградата во моментот на несреќата престојувале 200 лица.
Ова е пожар со најголем број жртви во последната деценија во Јужна Кореја.
Причините за избувнувањето на огнот сѐ уште не се познати.