Повќе од 200 илјади Французи вчера биле дел од протестите против санитарните пропусници и рестриктивните мерки кои особено се однесуваат на невакцнинираните соопшти денеска полицијата.
LOOK at the protest in Nice, France against the government’s vaccine passport! pic.twitter.com/U65cQ3zYIE
— Election Wizard (@ElectionWiz) July 31, 2021
Полицијата во Париз со водени топови ги растеруваше демонстрантите. Околу 3.000 полицајци вчера беа ангажирани за протестите. Протести вчера имаше во 150 француски града.
Како што објави претставникот на француската влада Габриел Атал, санитарните пропусници ќе започнат да функционираат на 9 август.
На 12 јули, францускиот претседател Емануел Макрон најави серија нови рестриктивни мерки за ограничување на ширењето на Ковид-19. Меѓу другото, тој најави продолжување на практиката за користење санитарни пропусници, со кои се докажува вакцинација или негативен резултат од тестот за Ковид-19, особено во барови, ресторани, возови на долги релации и авиони.
Шефот на Француската Република, исто така, најави воведување на задолжителна вакцинација за лекарите во Франција и сите оние кои работат во болници и домови за стари лица. По изјавите на претседателот на Франција, соодветниот предлог -закон беше подготвен и усвоен од францускиот парламент.