Вето на Русија на резолуцијата на СБ на ОН за Сирија со која се осудува хемискиот напад во Хан Шејхун

Од:

Русија повторно стави вето на предлог резолуција на Советот за безбедност на ОН за да го одбрани сирискиот претседател Башар ал-Асад, блокирајќи го обидот на Западот за осуда на смртоносниот хемиски напад во сирискиот град Хан Шејхун, што му се препишува на сирискиот режим, пренесоа британските медиуми.

Во текстот на реолузијата се бара меѓународна истрага на хемискиот напад и се упатува повик до сириската Влада да помогне во истрагата.

Ова е осмо вето на Русија во Советот за безбедност во одбраната на нејзиниот сириски сојузник, забележуваат француските медиуми.

Кина, која од почетокот на граѓанската војна во оваа земја досега шест пати ставаше вето на предлог резолуциите за Сирија, овој пат се воздржа од гласање, заедно со Етиопија и Казахстан. Десет земји гласаа за поддршка на документот. Освен Русија, против резолуцијата гласаше и Боливија.

Заменик постојаниот претставник на Русија во ОН, Владимир Сафронков, изјави дека оваа резолуција „не и служи на корисна цел“, пренесе ДПА.

Сафронков изјави дека американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, кој се наоѓа во посета на Москва, го проучува предлогот на својот руски Сергеј Лавров за создавање независна анкетна комисија, која ќе го посети Хан Шејхун и сириската военовоздухопловна база, која беше подложена на ракетен напад од САД, како одговор на хемискиот напад.

-Ова е осми пат како Русија го користи своето право на вето за да го одбрани сирискиот режим. Русија веќе не смее да тврди дека е против употребата на хемиско оружје, изјави постојаниот претставник на Велика Британија во ОН, Метју Рајкрофт, кој ја поднесе предлог резолуцијата, заедно со САД и Франција.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски