Веран: Франција веројатно ќе има по 100 илјади случаи на коронавирус дневно

Од:

Франција може да има околу 100.000 нови случаи на коронавирус дневно, изјави денеска францускиот министер за здравство Оливие Веран.Сега, додека земјата се бори со петтиот бран на пандемијата, има околу 70.000 случаи на дневна основа.

– До почетокот на јануари доминантна ќе биде варијантата омикрон, изјави Веран за телевизијата BFM.

Министерот рече дека засега не се разговара за нови ограничувања, иако ништо не може да се исклучи.

Властите се надеваат дека зголемувањето на бројот на вакцинирани ќе им овозможи да го држат вирусот под контрола. Франција вчера регистрираше 210 нови смртни случаи од Ковид-19 во болниците во последните 24 часа, со што вкупниот број на починати од болеста во земјата се искачи на речиси 95.000. Вчера имаше 72.832 новозаразени со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата