Европскиот Парламент денеска соопшти дека наградата „Сахаров“ за оваа година и ја доделува на венецуелската опозиција.
Наградата, која се доделува секоја година на личност или организација што се истакнала во одбраната и промовирањето на слободата на мислата, е именувана во чест на рускиот дисидент Андреј Сахаров.
– Со доделувањето на оваа награда ја поддржуваме борбата на демократските сили за демократска Венецуела, изјави европратеникот Ги Ферховштад.
Носители на наградата се Националното собрание на Венецуела, во кое мнозинството го има опозицијата, како и сите политички затвореници во земјата.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро спорведе избори за Уставотворно собрание, кои опозицијата ги бојкотираше, по што го распушти Националното собрание.