Венецуела почна со воени вежби на границата со Колумбија

Од:

Венецуела почна воени вежби долж границата со Колумбија по наредба на претседателот Николас Мадуро.

Маневрите се одвиваат во време на тензии меѓу двете страни.

За граничните вежби се распоредени 150.000 војници, тенкови и оклопни возила со ракети. Тие пристигнуваат на аеродромот Ла Фрија во државата Тачира во западниот дел на државата.

Минатата недела Мадуро го обвини колумбискиот претседател Иван Дуке за „маневри за предизвикување оружен конфликт“ со Венецуела.

Колумбискиот лидер рече дека нема да одговори на провокацијата и исклучи можна оружена интервенција во Венецуела. Вежбите ќе траат до 28 септември.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“