Венецуела ги обвини САД за загрозување на нејзиниот социјалистички систем

Од:

Владата на Венецуела на една цела комерцијална  страница во „Њујорк тајмс“ ги обвини САД дека се обидуваат да го урнат нејзиниот социјалистички систем.

Во текстот во весникот се наведува дека Венецуела не претставува закана за САД. Ова се случува во момент на растечки тензии меѓу двете земји откако претседателот Николас Мадуро овој месец го обвини Вашингтон за завера за негово соборување од власт, а на американската амбасада во Каракас и беше наредено да го намали бројот на персоналот, пренесоа американските медиуми.

САД ги отфрлија обвинувањата и како одговор на нападот воведоа санкции за седум венецуелски официјални претставници заради, како што наведоа, кршење на човековите права во текот на антивладините протести од минатата година.

– Никогаш во историјата на нашите земји еден претседател на САД не се обидел со декрет да владеее со Венецуела, се наведува во комерцијалниот текст, во кој САД се повикуваат веднаш да прекинат со сите непријателски акции кои двете земји ги враќаат во најцрните денови.

Кубанскиот претседател Раул Кастро и боливискиот лидер Ево Моралес пристигнаа во Каракас на вонредната средба на групацијата АЛБА од левичарски регионални влади, што ја предводи Венецуела. Се очекува оваа 12-члена група да ја изрази поддршката за ставот на Венецуела дека нејзиниот суверенитет е загрозен од обидите на САД да ја дестабилизира, наведуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак