Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин изјави дека Пекинг во врска со ситуацијата во Хонг Конг доследно се придржува до принципот „една земја, два система“ и дека „со Хонг Конг управуваат жителите на градот“.
-Серијата поврзани мерки на кинеската централна влада придонесуваат за заштита на сите права и слободи во Хонг Конг, придонесуваат за долгорочен просперитет и стабилност на жителите на Хонг Конг, како и стабилност на принципот „една земја, два система“, наведе кинескиот дипломат, одговарајќи на истапот на претставникот на Белорусија, кој во името на 70 земји, на седницата на Советот за човекови права на ОН, ја поддржа позицијата на Пекинг дека Хонг Конг е неотуѓив дел од Кина.
Според кинеската медиумска група (ЦМГ), Ванг повтори дека „работите во Хонг Конг се внатрешна работа на Кина и дека ниту една земја, организација или индивидуа немаат право да се мешаат“.
Ванг подвлече дека „нема да се менуваат определбата на Кина да го заштити државниот суверенитет, безбедноста и развојните интереси, како и просперитетот и стабилноста на Хонг Конг“.
Претставникот на Белорусија, вчера, во името на 70 земји, на сесијата на Советот за човекови права на ОН кажа дека „работите во Хонг Конг се внатрешна работа на Кина“ и ги повика сите поврзани страни „практично да го почитуваат кинескиот суверенитет и да престанат да се мешаат во нејзините внатрешни работи.” Тој потсети дека немешањето во внатрешните работи на суверените држави е важен принцип на Повелбата на ОН и основен принцип на меѓународните односи.
Тој, исто така, кажа дека Белорусија го поддржува принципот „една земја, два система“ во специјалниот административен регион Хонг Конг, додавајќи дека по имплементацијата на Законот за национална безбедност за Хонг Конг, немирите во овој регион постепено се смирија и ситуацијата постепено закрепна.
„Хонг Конг е неотуѓив во Кина. Работите на Хонг Конг се внатрешни работи на Кина. Другите земји не смеат да се мешаат во нив. Белорусија, во име на 70 земји, ги повикува поврзаните страни практично да го почитуваат кинескиот суверенитет и да престанат да се мешаат во работите на Хонг Конг и во внатрешните работи на Кина“, се наведува во заедничкиот говор.