Велика Британија вработува дополнителни 1.900 агенти

Од:

Велика Британија дополнително ќе вработи 1.900 агенти во безбедносните и разузнавачките служби, со цел да се спротивстави на опасноста од терористички напади по крвавите настани во Париз.

Ваквиот потег е најголем пораст на ангажирањата во британската безбедносна служба од бомбашките напади во Лондон во 2005 година, кога беа убиени десетици луѓе. Мерките денеска официјално ќе ги објави британскиот премиер Дејвид Камерон.

– Одлучен сум да ангажирам ресурси кои ни се потребни во борба против терористичките закани, бидејќи заштитата на британскиот народ е моја најголема должност како примиер, истакна Камерон.

Покрај зголемувањето на бројот на агентите во британските безбедносни служби, на аеродромите ширум светот ќе бидат ангажирани дополнителен број офицери за безбедност во авијацијата, како одговор на уривањето на рускиот авион во Египет минатиот месец, бидејќи британската Влада се сомнева дека во леталото била поставена бомба.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он