Велика Британија вечерва ја напушта Европската унија

Од:

Велика Британија вечерва, за неколку часа, ќе ја напушти Европската Унија со мешавина од радост, лутина и рамнодушност, заминувајќи во непознато во еден од најголемите удари досега во обидите на Европа да направи единство од урнатините на Втората светска војна, пренесув аат британските медиуми.

Од полноќ Европската Унија ќе загуби 15 отсто до својата економија, звојот најголем воен потрошувач и престолнина на межународниот финански капитал-Лондон.

Велика Британија, пак, мора да почне да го трасира курсот за следните генерации.

Знамето на Европската унија вечерва беше отстрането од постојаната мисија на Велика Британија во Брисел.

Малку подоцна, британското знаме ќе биде отстрането и од пред зградите на Европскиот совет и Европскиот парламент во Брисел.

Во 23 часот денеска по Гринич, Велика Британија ја напушта ЕУ по 47 години членство.

Унијата ќе остане со 27 члена. Ова е првпат членка на ЕУ да ја напушти заедницата од нејзиното создавање.

Британскиот премиер Борис Џонсон планира излегувањето од ЕУ да го прослави со англиско пенливо вино и британски канапеи, вклучувајќи ги и шропширското сино сирење и јоркширскиот пудинг со говедско и рен.

Ова е момент кога се буди зората и се крева завесата на новиот чин, рече Џонсон, еден од лидерите на кампањата за напуштање на ЕУ на референудмот во 2016 година.

„Ова е момент на вистинската национална обнова и промена“, истакна тој.

Најмоќната европска лидерка, канцеларката Ангела Меркел изјави дека Брегзит претставува „пресвртница“ за ЕУ, но дека Германија сака да остане британски партнер и пријател.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вечерва ќе се обрати на телевизија за да го одбележи овој „тажен и историски ден“.

Вашингтон, меѓутоа, соопшти дека Британците сакаа да побегнат од „тиранијата“ на Брисел.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја