Велика Британија со рекорден извоз на оружје во 2018 година

Од:

Велика Британија објави дека постигнала рекордна продажба на оружје во 2018 година, која и била најдобра во однос на извоз на британско вооружување.

Во извештајот на Министерството за меѓународна трговија на Велика Британија стои дека нарачките за оружје во 2018 година достигнале сума од 14 милијарди фунти (околу 17 милијарди долара), девет милијарди повеќе од 2017 година.

Исто така се истакнува дека има пораст на продажба на авионите Тајфун на Катар и компонентите за авионите Ф-35 на САД. Договорот за испорака на 24 авиони Тајфун на Катар, кој беше финализиран во септември, е во вредност од пет милиони фунти.

Според овој извештај, Велика Британија е втор најголем извозник на оружје во светот, зад САД. Американскиот удел во светската трговија со оружје изнесува 40, а британскиот 19 проценти.

Русија, која е трет најголем извозник на оружје, има 14 отсто удел во пазарот, а четврта е Франција со девет проценти.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он