Велика Британија се соочува со предвремени избори уште во идната година

Од:

Велика Британија се соочува со можноста за предвремени парламентарни избори, уште во текот на идната 2017 година, пишуваат лондонските медиуми.

Ваквите предвидувања се засилија откако опозициските лабуристи соопштија дека забрзано се подготвуваат за изборите кои тие очекуваат да бидат свикани до мај следната година.

Лабуристите на својата партиска конференција, што се одржува во Ливерпул, навестуваат дека сакаат тие да ја формираат идната британска влада, а нивниот лидер Џереми Корбин не ја сокрива желбата тој да биде идниот британски премиер.

Услов за изборна победа, според лидерот и левичарското крило во партијата, кое сега ја има контролата, е партиското единство, кое сега е целосно разурнато.

Голем број од лабуристичките пратеници, зад кои има над девет милиони гласови од последните парламентарни избори, сепак, не веруваат дека тоа може да се постигне со левичарењето на Корбин за кого сметаат дека не може да биде идниот премиер.

Тие се противат и на определбата лабуристичкиот лидер за неограничување на имиграцијата во Британија и инсистираат партијата да се прилагоди на новата ситуација, што е создадено со Брегзит.

Можноста за предвремени избори во Британија постои уште од моментот кога Тереза Меј го наследи Дејвид Камерон во Даунинг стрит 10.

Според британските закони, таа може да биде неизбран премиер во наредните четири години, до мај 2020 година, одработувајќи го мандата, што во мај 2015 година го освои Камерон.

Британската политичка пракса, меѓутоа, налага политичарот кој на ваков начин станал премиер, по извесно време да бара од гласачите свој мандат, на предвремени избори.

Кога Џон Мејџор, стана премиер, две години го одработуваше мандатаот на Маргарет Тачер, која во 1990 година беше сменета со партиски пуч. Но во 1992 година свика предвремени избори, на кои победи и обезбеди свој премиерски мандат во наредите пет години

Досега се веруваше дека Меј ќе го направи истото тоа, по завршувањето на преговорите со Брисел за раздружувањето од ЕУ, што треба да почант на почерокот од 2017 и да траат две години.

Медиумите во Лондон, сега се почесто пишуваат дека Британците ќе излезат на гласање многу порано.

Двете главни партии, секоја за себе и нивните актуелни лидери, имаат свој интерес за обнова на парламентарниот состав, затоа што сегашниот, остана поделен околу референдумот и изгласаниот Брегзит, како и околу актуелните партиски водства.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он