Велика Британија разочарана од потегот на ЕУ да отвори правна постапка за северноирскиот Протокол

Од:

Велика Британија е разочарана од одлуката на Европската унија да покрене две нови правни постапки против неа и внимателно ќе ги разгледа документите пред да одговори, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој изјави дека британската Влада е разочарана од потегот на ЕУ и дека внимателно ќе ги разгледа документите и формално ќе одговори во скоро време, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на британскиот премиер кажа дека „пристапот предложен од ЕУ, што не се разликува од оној на кој инсистираше претходно, ќе го зголеми товарот на бизнисите и граѓаните и ќе значи чекор наназад“.

Претходно денеска Европската комисија покрена постапка против Обединетото Кралство поради кршење на меѓународното право, односно непочитување на важни делови од Протоколот за Северна Ирска.

Во Брисел забележуваат дека британската Влада и покрај повеќекратните повици не успеала да го спроведе договорениот Протокол, т.е. документот со кој се утврдуваат трговските правила за Северна Ирска по Брегзит, пренесуваат британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки