Велика Британија прогласи период на национална жалост за кралицата

Од:

Британската Влада денеска официјално го прогласи почетокот на периодот на национална жалост за кралицата Елизабета Втора со „насоки за национална жалост“.

Во документот со упатства за веење знамиња, информации за патување и други деловни и јавни услуги, се наведува дека жалоста ќе трае до крајот на денот на државниот погреб.

Владата соопшти дека нема обврска за откажување или одложување спортски и други настани и затворање на места за забава во тој период, додавајќи дека тоа е дискреционо право на поединечни организации.

Бакингемската палата претходно соопшти дека периодот на жалост на британското кралско семејство за кралицата Елизабета Втора ќе трае од сега до седмиот ден по погребот. Датумот на погребот на кралицата сè уште не е потврден.

„По смртта на Нејзиното Височество Кралицата, желбата на неговото височество кралот е од сега до седум дена по погребот на кралицата да се почитува период на кралска жалост“, се вели во соопштението.

Одделно од националната жалост, кралската жалост треба да ја почитуваат „членовите на кралското семејство, персоналот на кралското домаќинство и претставниците на кралското домаќинство на службени должности, заедно со трупите посветени на церемонијалните должности“.

Знамињата на кралските резиденции од вчера се на половина копје, и ќе останат на половина копје до 08:00 часот наутро на последниот ден од кралската жалост.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он