Велика Британија повторно со рекорден број на новозаразени со коронавирус, над 93 илјади

Од:

Велика Британија денеска, трет ден по ред, јавува за нов рекорден број на новозаразени коронавирусот, со 93.045 случаи регистрирани во последните 24 часа, покажуваат најновите податоци од здравствените власти.

Соочена со, како што го нарече премиерот Борис Џонсон „цунами“ на варијантата омикрон, поради што стравува од преоптоварување на здравствениот систем. Британија е меѓу најтешко погодените од пандемијата во светот, со вкупно 147.048 смртни случаи, од кои денеска се пријавени 111.

Англија воведе повторно задолжително носење маски на повеќето јавни места (освен пабови и ресторани), препорача работа од далечина и воведе ковид сертификат за поголеми собири. Шкотска и Велс се одлучија за построги мерки.

Би можело да ве интересира

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он