Велика Британија потпишува нов безбедносен договор со Шведска и Финска

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека договорил нови безбедносни договори со Шведска и Финска, ветувајќи дека Британија ќе ги поддржи воените сили на двете земји доколку бидат нападнати.

Џонсон ќе ги потпише новите декларации, кои Велика Британија ги опишува како „важна промена во одбранбената и безбедносната соработка“, за време на денешните посети на Шведска и Финска.

„Ние сме непоколебливи и недвосмислени во нашата поддршка за Шведска и Финска, а потпишувањето на овие безбедносни декларации е симбол на вечната доверба меѓу нашите нации“, наведува Џонсон во изјавата.

„Премиерот ќе ја каже намерата на Велика Британија да ги поддржи вооружените сили на двете земји во случај на криза или напад“, се вели во соопштението на британската влада.

Се очекува Шведска и Финска да се приклучат на НАТО пред се поради руската инвазија на Украина. Тие, сепак, стравуваат дека ќе бидат ранливи за време на процесот на пристапување, што може да потрае и до една година. И САД и Германија изразија поддршка за Шведска.

Според британската влада, новите договори ќе ја подобрат размената на разузнавачки информации и ќе ја забрзаат заедничката воена обука, вежби и мисии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски