Велика Британија не ја поддржува палестинската резолуција во СБ на ОН

Од:

Велика Британија и се приклучи на позицијата на САД, соопштувајќи дека не може да ја поддржи предлог резолуцијата за Палестина во Советот за безбендост на ОН, која повикува на мир со Израел во рок од една година и завршување на израелската окупација на палестинските територии до крајот на 2017 година, пренесоа британските медиуми.

Документот за признавање на државноста на Палестина во СБ на ОН го поднесе Јордан и оваа земја денеска информира дека за него ќе
се гласа во текот на ноќта.

САД веќе се изјаснија дека не можат да го поддржат текстот на резолуцијата бидејќи не е конструктивен и не им посветува внимание на потребите на Израел во однос на безбедноста.

Британскиот постојан претставник во ОН, Марк Лајл Грант, вечерва беше  запрашан дали неговата делегација ќе ја поддржи палестинската предлог резолуција.

-Не. Има некои проблеми со текстот, особено за роковите и новите формулации за прашањата на бегалците. Затоа сметам дека ќе имаме извесни потешкотии, одговори Лајл Грант.

Тој, меѓутоа, не кажа децидно дали Велика Британија ќе го искорити своето право на вето за блокирање на палестинскиот текст.

Западни дипломати претходно посочија дека доколку за предлог резолуцијата се гласа пред завршувањето на годината, таа веројатно нема да успее да ги добие неопходните девет гласа за прифаќање.

Тоа значи дека ниту САД, ниту Велика Британија нема да треба да го искористат своето право на вето . Дипломати изјавија дека  Вашингтон нема да се поколеба да го направи тоа доколку тоа стане неопходно, забележаа британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации