Велика Британија и подари на Украина воена опрема

Од:

Владата во Лондон и подари на Украина, за потребите на тамошните армиски сили, неборбена воена опрема во вредност од 850 илјади фунти.

Станува збор за опрема за воена прва помош, ноќни очила за војници-извидници, шлемови, џи-пи-ес техника и воени теренски лаптоп комјутери.

Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон, кој пред два дена престојуваше во Киев, објасни во Парламентот на Велика Британија дека помошта е британски одговор на барањето на украинската влада да и се помогне со основна воена опрема.

– Владата е цврсто определена за поддршка на суверенитетот на Украина, нејзината независност и територијалниот интегритет, рече министерот Фалон. Тој им објасни на британските пратеници дека прекинот на огнот е недоволен,затоа што земјата се уште се соочува со кршење на меѓународното право.

Минатата недела, премиерот Дејвид Камерон соопшти дека Британија наскоро ќе испрати 75 војници, како советници и обучувачи на украинската армија.

Велика Британија е надвор од политичките напори на ЕУ, да запрат војувањата,да се прекине конфликтот и украинската криза да се разреши со дипломатски средства. Но во рамките на НАТО, Лондон е предвдник на „тврдиот однос“ кон Русија, заедно со Полска и со балтичките земји,обвинувајќи ја Москва, за предизвикување на кризата и за подршка на проруските бунтовници во Источна Украина.

Во почетокот на украинската криза,британската влада беше резервирана и избегнуваше воена реторика,трудејќи се да не се расипат односите со Русија.Промените настанаа откако британската опозиција го критикуваше премиерот Камерон дека со својата антиевропска политика,предизвикал исклучување на земјата од разрешувањето на најголемата криза во Европа,по завршувањето на Студената војна.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он