Велика Британија и ЕУ ги продолжуваат преговорите за Брегзит

Од:

Преговарачките тимови од ЕУ и Велика Британија денеска ги продолжуваат преговорите за Брегзит, на помалку од еден месец пред предвидениот рок за излегување на таа земја од Унијата. За денеска е предвидена средба на главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние со британскиот министер за Брегзит Стивен Баркли и државниот обвинител Џефри Кокс.

dobivaj vesti na viber

Средбата во Брисел ќе биде организирана откако во саботата Барние изјави дека ЕУ е подготвена да и даде дополнителни гаранции на Велика Британија за да помогне за одобрување на договорот за Брегзит во Парламентот во Лондон.

Во меѓувреме, британските опозициски политичари ја обвинија премиерката Тереза Меј дека се обидува да ги подмити за да гласаат за договорот за Брегзит. Британската Влада најави пакет од 1,6 милијарди фунти за финансирање на обновата на „пропаднатите“ подрачја на земјата во текот на следните неколку години.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска

Де Алмеида: ЕУ нема да ги продолжи преговорите за Брегзит со Велика Британија

Ана Ололовска

Џонсон: Трговска војна меѓу Британија и ЕУ е малку веројатна

Велика Британија одложува гранични проверки по Брегзит до крајот на 2023 година

А1он

Извештај на Комитет на британскиот Парламент: Брегзит донесе поголеми трошоци и бирократија и доцнење во снабдувањето

А1он