Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Од:

По неколкумесечна блокада, британската влада презеде акција и му предложи на Парламентот свој предлог-закон со кој се доведува во прашање статусот на Северна Ирска по Брегзит, со ризик од одмазда од ЕУ, која го смета текстот за незаконски.

Додека ЕУ и се заканува на британската влада дека ќе покрене правна постапка, сметајќи дека иницијативата штети на „взаемната доверба“, Лондон оценува дека повеќе не може да чека поради политичката парализа предизвикана од протоколот за Северна Ирска.

Откако прво се закани дека едноставно ќе го заобиколи меѓународниот договор, за кој таа преговараше и потпиша, владата на премиерот Борис Џонсон одлучи да го преточи во закон и еднострано да го измени.

„Ние сме многу јасни во фактот дека постапуваме законски“, рече министерката за надворешни работи Лиз Трас.

„Доколку законот биде усвоен, што може да потрае со месеци, тоа ќе стави крај на неподносливата ситуација за луѓето од Северна Ирска кои се третираат поинаку од остатокот од Велика Британија, ќе ја заштити надмоќта на нашите судови и нашиот територијален интегритет“, нагласи Трас бранејќи го тоа како – „разумно решение“.

Таа повтори дека Лондон останува отворен за решение преку преговори, но под услов ЕУ да ја прифати промената на протоколот.

Протоколот има за цел да го заштити европскиот единствен пазар по Брегзит без враќање на физичката граница меѓу британската провинција Северна Ирска и земјата членка на ЕУ Ирска, што може да го загрози мирот во провинција.

За да се реши тоа прашање, владата на Борис Џонсон прифати дека Северна Ирска де факто ќе остане на европскиот пазар со воспоставување на царинска граница во Ирското Море, со контроли и документација.

Протоколот ги отежнува набавките и ја ужаснува унионистичката заедница, која смета дека е загрозена положбата на провинцијата во рамките на Велика Британија.

Додека главната унионистичка партија ДУП неколку месеци го блокираше формирањето на локалната власт, владата во Лондон кон средината на мај објави дека сака да го усвои законот.

Конкретно, британската влада сака стоките што циркулираат и остануваат во Велика Британија да минуваат низ „зелениот канал“, што ја ослободува од административни процедури. Стоката што треба да оди во ЕУ, би била предмет на сите проверки и контроли што се применуваат според европското право.

Премиерот Борис Џонсон рече дека главната заложба на неговата влада според Договорот од Велики петок, потпишан во 1998 година, стави крај на тридецениското насилство меѓу унионистите, главно протестанти и републиканци, мнозинство католици, кога животот го загубија 3.500 луѓе.

Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ, рече дека ЕУ ќе предложи решенија и изрази жалење за едностраната акција која штети на меѓусебната доверба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он