Велика Британија ги отфрли предлозите на ЕУ за решавање на трговскиот спор во врска со Северна Ирска

Од:

Велика Британија денеска ги отфрли предлозите на ЕУ за решавање на трговските правила за Северна Ирска во периодот по Брегзит.

Беше договорен протокол кој вклучува царинска граница на море меѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија, но Лондон сега тврди дека оваа бирократија повеќе не може да се толерира. Со месеци, британската влада се заканува дека ќе се откаже од голем дел од протоколот, зголемувајќи го ризикот од трговска војна со Европа во време на зголемена инфлација.

Брисел понуди олеснување на царинските проверки во октомври, но министерката за надворешни работи Лиз Трас рече дека тоа не го решава клучниот проблем. Напротив, предупреди таа, „во некои случаи тоа нè враќа назад“.

– Цените пораснаа, трговијата е нарушена и луѓето во Северна Ирска се подложени на различни закони и даноци од оние преку Ирското Море, оставајќи ги без извршно тело и ова е закана за мирот и стабилноста, рече Трас.

Владата, додаде Трас, сака решение преку преговори, но „нема да се воздржува од преземање чекори за стабилизирање на ситуацијата во Северна Ирска доколку не се најде решение“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Што има во прашалникот што Трамп го испратил до европските созјузници

Катерина Ѓуровски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

ВИДЕО: За Европа нема место во преговорите за Украина, Зеленски повика на формирање европска армија

Катерина Ѓуровски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Европската унија ќе чека објаснување, ако треба експресно ќе одговори на царините на Трамп

Катерина Ѓуровски