ЕУ: Зајакнување на напорите за решавање на воените и одбранбените потреби на Украина

Од:

Лидерите на 26-те земји-членки на ЕУ денеска усвоија текст за поддршка на Киев, во кој се повикуваат земјите-членки на ЕУ итно да ги засилат напорите за решавање на воените и одбранбените потреби на Украина и се вели дека ЕУ е подготвена да го зголеми притисокот врз Русија, вклучително и со дополнителни санкции.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан не го поддржа текстот за Украина, со кој се потврдува „постојана и непоколеблива поддршка“ за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на таа земја во нејзините меѓународно признати граници и вели дека ЕУ ќе ја интензивира поддршката за реформските напори на Украина на нејзиниот пат кон членство во ЕУ.

Тие исто така ја поздравувааѕ заедничката изјава на Украина и САД по состанокот во Саудиска Арабија, вклучувајќи предлог за договор за прекин на огнот, хуманитарни напори и континуирано споделување разузнавачки информации и безбедносна помош на САД.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Финска: Украина ја има најмодерната, најефикасната и најискусната армија

ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

ЕУ нуди пристап до заедничкиот пазар на земјите кандидатки, но под услови и можност за суспензија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат