Велика Британија бара регулаторот да ја преразгледа дозволата за руската телевизија РТ

Од:

Велика Британија побара од регулаторот за медиуми да ја преразгледа дозволата за емитување на руската телевизија РТ, откако Кремљ призна два одметнати региони во источна Украина, соопшти денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

Министерката за култура изрази загриженост до регулаторот Офком дека РТ (поранешна Раша Тудеј) е дел од информативната машинерија на Москва и дека ќе шири дезинформации за украинската криза, се вели во писмото објавено во Тајмс.

Џонсон за оваа тема доби прашање во парламентот, по што рече: Живееме во земја која верува во слободата на говорот… Да оставиме Офком да одлучи која медиумска куќа треба да биде забранета, а не политичарите. Тоа го прави Русија“.

РТ ги отфрли претходните критики на британските политичари, велејќи дека тие се мешаат во работата на регулаторот, кој треба да биде независен.

Руските власти велат дека РТ е средство со кое Москва се бори против доминацијата на глобалните медиумски компании од САД и Велика Британија за кои веруваат дека даваат еднострана слика за светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија