„Ведомости“: Две третини од Русите жалат по Советскиот Сојуз

Од:

Дури 66 проценти од Русите жалат поради распадот на Советскиот Сојуз, покажува анкетата на јавното мислење на рускиот центар „Левада“.

Според московскиот весник „Ведомости“, ова е најголем процент на носталгичари по поранешниот Советски Сојуз во последниве 10 години.

Позитвно на прашањето дали жалат поради распадот на Советскиот Сојуз лани одговриле 58 отсто од испитаниците, а во последните 10 години тој процент не надминал 61 отсто.

Поголемиот број од носталгичарите се лица на возраст од над 55 години, но во последниве две години расте процентот на оние што жалат по Советскиот Сојуз и меѓу младите на возраст од 18 до 24 години.

Како главни причини поради кои жалат по Советскиот Сојуз, анкетираните ги посочиле „уништувањето на економскиот систем“ (52 проценти), „загубата на чувството за припадност на голема држава“ (36 отсто) и „растот на взаемната недоверба (31 процент).

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов