Ватикан: Папата го одобри договорот со Кина

Од:

Ватикан ја објави својата намера да го продолжи дијалогот со Кина за назначување епископ, бранејќи го договорот постигнат со кинеската Влада во 2018 година како неопходен за Католичката црква во Кина, и покрај острите забелешки од САД.

Државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин даде сеопфатен одговор на критиките за договорот во своето обраќање по повод 150-годишнината од доаѓањето на католичките мисионери од италијанскиот верски ред во Кина.

Паролин изјави дека папите се обидувале да започнат дијалог со Пекинг откако комунистите дојдоа на власт и ги протераа странски мисионери, во времето на понтификатот на Пиј XII.

Тој исто така потврди дека претходниот папа Бенедикт Шеснаесетти го одобрил нацрт-договорот што сегашниот папа Франциск го потпиша во 2018 година.

Договорот со Кина има за цел да ги обедини кинеските католици, кои со децении се поделени меѓу оние кои припаѓаат на официјалната црква што има одобрување од државата и оние лојални на Рим.

Назначувањето епископ е главен камен на сопнување во односите меѓу двете земји, бидејќи Ватикан тврди дека папата има дадено од Бога право да именува наследници на апостолите, додека Пекинг смета дека ваквите назначувања претставуваат странско мешање во кинескиот суверенитет.

Би можело да ве интересира

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините

Трамп упати „поздрав“ до Кина: Бевме глупава и беспомошна „боксерска вреќа“, но повеќе не

Трамп: Кина е многу потешко погодена од американските царини од 54 отсто

Трамп: Царините се „многу важни“ за националната безбедност на САД

„Самоуништувачко насилство“ – Кина вети решителни контрамерки против царините на Трамп

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски