Ватикан објави дека папата Франциско има тешка настинка и затоа откажа аудиенција и ги прескокна говорите што требаше да ги одржи денеска, пишува АП.
Папата се сретна со млади православни свештеници и монаси и членови на Друштвото Макс Планк, истражувачка организација од Германија која оваа година слави 75-годишнина. Меѓутоа, поради лошата настинка, тој делел само печатени копии од своите изјави и не ги читал на глас, соопшти канцеларијата за односи со јавноста на Ватикан.
Подоцна ја откажа аудиенцијата со членовите на италијанската младинска христијанска асоцијација. Тоа беше последниот закажан настан на Папата за тој ден, објави Ватикан.