Вашингтон очекува да добие јасна согласност од Киев за иден мировен договор

Од:

На претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски, Вашингтон очекува да добие јасна согласност од Киев за иден мировен договор.

Ова го изјави специјалниот претставник на американскиот претседател за Украина, Стивен Виткоф, во интервју за Си-Ен-Ен, нагласувајќи дека целта на средбата е да се постигне координирана позиција со Зеленски и неговиот тим.

„Она што се обидуваме да го постигнеме денес е да добиеме консензус од претседателот Зеленски и неговиот тим“, рече Виткоф.

Според него, доколку Украина ја обезбеди потребната поддршка, САД ќе можат „да се вратат кај Русите и да го поттикнат овој мировен договор“, што, додаде тој, би го отворило патот за негово завршување.

Средбата меѓу Трамп и Зеленски е закажана за денес. Еден час подоцна, американскиот претседател ќе биде домаќин на европските лидери во Белата куќа, со кои ќе разговара за понатамошниот тек на мировниот процес.

Би можело да ве интересира

Виткоф и Кушнер го напуштија Кремљ по два часа разговори со Путин

А1он

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса