Вашингтон испраќа воен брод и борбени авиони во Емиратите

Од:

САД ќе испратат воен брод и борбени авиони за да им помогнат на Обединетите Арапски Емирати во вооружениот конфликт против јеменските бунтовници Хути, по неколкуте нивни напади врз таа земја, соопштено е денеска во Вашингтон.

„Одлуката да им се помогне на Обединетите Арапски Емирати да се соочат со сегашната закана уследи по телефонскиот разговор меѓу американскиот министер за одбрана Лојд Остин и престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан“, соопшти американската амбасада во ОАЕ.

Емиратите, кои се дел од воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, интервенираат во рамките на таа коалиција во Јемен од 2015 година и беа цел на три напади со беспилотни летала во јануари оваа година, а во еден од нив загинаа тројца работници имигранти.

Порастот на нападите на Хутите врз Емиратите, кои ја задржаа својата репутација на мирна оаза на Блискиот Исток, отвори нова страница во војната во Јемен на почетокот на 2014 година.

Експертите на ОН ги обвинија сите странски учесници во седумгодишниот конфликт во Јемен за „воени злосторства“.

Според експертите на ОН, во конфликтот во Јемен загинале 377.000 луѓе, а 30 милиони жители на земјата биле доведени на работ на глад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ